![]() Не се продадоа плацевите кај УЗУС и на вториот јавен оглас
Вториот јавен оглас не успеа, според некои стопанственици поради превисоката цена од 700 денари за метар квадратен. На јавното наддавање не се јавиле доволно заинтересирани инвеститори, па затоа било одложено. Од Министерството најавија трет јавен оглас за продажба на седумте плаца чија површина зафаќа од 680 до 860 м2. Економската индустриска зона „УЗУС", е целосно инфраструктурно уредена. Досега Министерството продаде педесетина плацови наменети за малото стопанство и таму работат повеќе од триесет мали и средни фирми во кои егзистенција обезбедуваат повеќе од 350 работници. „Единствената причина што последните слободни плацови не се продадоа е само превисоката почетна цена од 700 денари за метар квадратен. Министерството на третиот оглас се очекува да ја намали почетната цена за и овие плацевие да бидат продадени и на нив да се изградат објекти од малото стопанство во кои работа би можеле да најдат повеќе од 70 нови работници", вели стопанственик од Велес. Поради нерачистени имотно правни односи Министерството за транспорт и врски сеуште не може да распише оглас за продажба на повеќе од триесет плаца во новоизградената и комплетно уредена индустриска зона „Речани 2" која се наоѓа во непосредна близина на автопатот Скопје -Велес. За изградбата на оваа индустриска зона беа потрошени 222.000 евра, обезбедени од Европската унија и од Општината. Со рачистувањето на имотно правните односи, кој моментално се заглавени во Второстепената Владина комисија, со продажбата на плацевите и изградбата на објекти од малото стопанство се очекува егзистенција да обезбедат повеќе од 300 невработени лица. 25/08/2010 11:19
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |