![]() Велешани поставија апсолутен рекорд во крводарување
На летната акција која се одржа во текот на вчерашниот ден дарувани се 382 крвни единици. Тоа претставува најмногу дарувања на било која крводарителска акција во државава. Според лекарите од трансфузиологија ваквиот разултат бил очекуван,бидејки Велес традиционално бил еден од најхуманите градови во земјата. „За мене тоа и не е некое големо изненадување. Велес уште во Југославија во осумдесетите години беше прогласен за најкрводарителски град ,а таа традиција продолжи и понатаму. Сите акции во Велес се успешни„вели Миленска Благоевска Републички завод за трансфузиологија. Организатор на летната крводаритеска акција е црвениот крст. Тие велат дека оваа година се изненадени од податокот дека на акцијата имало многи млади граѓани кои за прв пат дарувале крв. Според нив голем дел од успешноста ,се должи на добрата работа на волонтерите. „Секоја, од овие крводарителски акции е подобра од претходната.Очекувам дека ќе собереме повеќе од 375 крвни единици. Добрата организираност но и работата на волонтерите допринесува Велес секогаш да е водечки по бројот на собрани крвни единици„ рече Миле Маџаров, секретар на ОО на Црвен Крст. Годинешната крводарителска акција е рекордна оти во однос на минатата дарувани се седум крвни единици повеќе. 25/08/2010 11:10
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |