Гугл моментално тестира пребарување при кое резултатите автоматски се освежуваат додека корисникот ги отчукува клучните зборови.
Станува збор за мала, но многу интересна измена. Моментално, додека се впишуваат клучните зборови во Гугл, со секоја нова буква во паѓачкото мени се појавува нова сугестија за полесно пребарување.
Според новиот начин на пребарување, не се менуваат само сугестиите туку и сите резултати од пребарувањето.
Иако, на прв поглед ваквиот начин на пребарување може да збуни, фасцинантно е да се види колку бргу Гугл може да ги испорача резултатите за било која комбинација на букви.
Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.