![]() Земјоделците од велешкиот регион немаат навика да ги осигуруваат своите имоти
Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство во Велес велат дека барање за користење средства за осигурување на примарно растително земјоделско производство од основни ризици, досега поднеле само 21 земјоделец. Од нив 60 проценти ги осигурале своите лозја, 20 проценти површините под тутун , а по 10 проценти житните и градинарските култури. „Владата направи позитивен чекор. Вината е кај нас. Не го осигуруваме имотот редовно, а кога тој ќе ни биде уништен тогаш бараме помош од Државата. Се знае има осигурителни компании, а згора на тоа повеќе од половината од средствата ни ги признава Владата. Што уште треба да бараме од Владата", вели земјоделец од Чашка. Немал број земјоделци истакнаа дека не го осигурале својот род од невреме поради условите што ги бара Министерството за лимит за кој можат да бараат осигурување кај одредени земјоделски култури .Така за да добијат средства мора да осугураат најмалку 5 хектари под лозје, за градинарски култури до 2 хектари, за тутун до 1 хектар и житни култури до 10 хектари. Повеќе од 70 проценти од земјоделците од овој регион располагаат со помали површини. „Времето се измени. Се почесто родот ни го уништува силно невреме проследено со град. Условите што ни ги дава Владата треба да ги искористиме. Градот годинава ми го уништи родот од триесетте хектари под пченица. Вината е моја што не го осигурав. Догодина нема да ја направам истата грешка",вели земјоделец од Градско. Во подрачната единица на Министерството очекуваат, до 30, овој месец, кога е крајниот рок за поднесување на барања за добивање на 60 одсто од вкупната вредност на полисата, бројот на барањата за осигурување на имотот да се зголеми и да биде поголем од ланскиот. 24/08/2010 14:45
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |