![]() 17тa летна крводарителска акција
Во првите два часа беа собрани околу 200 крвни единици. Дел од нив веднаш се транспортираа во Клиничкиот центар во Скопје. „Веќе за Скопје имаме транспортирано 60 крвни единици, верувам дека во оваа крводарителска акција ќе се соберат повеќе крвни единици од минатогодишната, кога се постигна и рекорднот во дневно дарување од 375 крвни единици", рече др, Миленка Благоевска од Републичкиот завод за трансфузиологија Да се дарува крв значи да се спаси човечки живот. Некои за прв пар но некои и традиционално на сите досегашни акции беа на пунктото каде се даруваше крв. „Втор пат дарувам крв, прекрасно се чуствувам, апелирам до сите велешани кои се здрави да станат дел од крводарителското семејство", „Ние сме тројца другари, дојдовме да даруваме крв за прв пат, добро се чуствувам, хумано е да спасиш човечки живот, ништо не те кошта да дадеш некој грам од својата крв", 14ти пат дарувам крв, и ќе дарувам додека можам, се чуствувам корисно и апелирам до сите кои се здрави луѓе да даруваат крв", велат случано анкетираните крводарители. Организаторот, Општинската организација на Црвениот крст и Републичкиот Завод за трансфузиологија задоволни од текот на акцијата. Секоја, од овие крводарителски акции е подобра од претходната.Очекувам дека ќе собереме повеќе од 375 крвни единици. Добрата организираност но и работата на волонтерите допринесува Велес секогаш да е водечки по бројот на собрани крвни единици", рече Миле Маџаров, секретар на ОО на Црвен Крст. Во Велес крводарувањето станува семејна традиција и денес можеше да се видат цели семејства како трпеливо чекаат ред за да ја даруваат течноста која живот значи. 24/08/2010 12:53
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |