ВМРО ДПМНЕ бара градоначалникот Петров да ја повлече иницијативата за спојување на О.О.У. Благој Кирков и Ј.Х.К. Џинот

Предлог иницијативата на градоначалникот Горан Петров основните училишта Благој Кирков и Ј.Х.К.Џинот да се спојат во едно што ќе се вика Панко Брашнар, е доставена предоцна бидејќи новата учебна година само што не почнала.

Вака денеска ВМРО ДПМНЕ реагираше на иницијативата  која утре требаше да се најде на дневен ред на 27 та седница на советот. Тие од градоначалникот, кој е на годишен одмор побараа да ја повлече иницијативата. Според нив, ваквиот предлог ќе предизвика хаос кај учениците, родителите и образовниот кадар. Анализата со која се образложува  иницијативата за ВМРО ДПМНЕ  е направена површно врз застарени и погрешни податоци. 

„Образованието во општина Велес мора да се менаџира како една целина, а оваа иницијатива претставува парцијално решавање на проблемите во образованието. Престанувањето со работа на овие две училишта нема да го реши проблемот со паралелките и бројот на учениците под законскиот минимум во останатите основни училиште во градот, рече Александар Колев", ВМРО ДПМНЕ. 

Барањето да се повлече точката од дневен ред за ВМРО ДПМНЕ не претставувало  откажување на послушност на советничката група од градоначалникот , туку ваква пракса имало и во претходниот мандат. Донесување на квалитетни одлуки било во заеднички интерес. 

И советничката група на СДСМ смета дека не постои законска оправданост за ваквата иницијатива. Според нив и двете училишта имаат над 18 паралелки што е над законскиот минимум, и работат според утврдени стандарди. Малиот број на ученици во паралелките за СДСМ не е причина истите да се затворат, туку може да се намали само бројот на паралелките во некоја генерација. 

Според анализата од СДСМ велат дека со спојување на двете училишта бројот на паралелки во предметна настава ќе се намали за седум а тоа ќе повлече намалување на фондот на часови. Еден од најтешките проблеми, според нив е тоа што 17 наставници ќе бидат прогласени за технолошки вишок. 

„Која е причината за ваквиот чекор. Единствениот одговор кој се наметнува е дека како крајна цел на овој потег е да бидат разрешени актуелните директори на двете училишта, да биде поставен нов директор од нивните редови со што ќе се продолжи праксата на отпушатње од работа на сите вработени со статус на определено време и покасно вработување на нивни партиски членови, рече Мимоза Јовиќ", советник на СДСМ. 

Вработените во овие две училишта за утре најавија протести пред општинската зграда.

23/08/2010 14:45
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][37]