![]() 1 700 000 евра од Владата за реконструкција на болница Јасеново
Градежната фирма ангажирана за извдување работи со полна пареа. Владата преку Министерството за здравство ќе вложи 1 700 000 евра за изградба и реконструкција на еден дел од болницата. Министерот Бујар Османи викендов лично се увери до каде се работите. Тој е задоволен од напредокот. „Според одличната местоположба и климатските услови оваа болница има перспектива да стане регионален центар за лекување на болните. Најмногу треба да се работи во делот за постоперативен престој и опоравување во ова прекрасна природа„вели Бујар Османи Министер за здравство. Според Османи оваа болница има големи перспективи. „Сега ќе направиме таа да биде регионален дијагностички центар за Централна Македонија за карцином на бели дробови, за лекување на хронични белодробни заболувања, а зошто не и понатаму да не биде и геријатриски центар заради самите услови кој што ги има ова место", рече Министерот Османи. Со реконструкцијата болницата Јасеново ќе го зголеми капацитетот на болничките постели за повеќе од 30 проценти. Бројката од сегашни 65 ќе стане 100 кревети. Според менаџерскот тим на тој начин значително ќе се подобрат условите за пружање на болнички услуги. „Сегашните капацитети кои ги имаме се дотраени, но сепак функционални. Ние се заложуваме секогаш хигиената да биде на високо ниво, но со овие вложувања ќе се овозможи во болничките соби болните да бидат смествувани и лекувани во современи услови", вели Драган Цинциев директор на болницата. Болницата Јасеново е изградена во далечната 1948 година. Од тогаш ова е првата посериозна инвестиција, велат од болницата. 23/08/2010 14:26
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |