Технолошко-техничкиот факултет стипендира 20 студенти

Лисица: Технолошко-техничкиот факултет Велес веќе трета година опстојува како единствена Високо образовна институција со седиште во Велес. Кои се наставните програми предвидени за академската 2010/2011 година? 

Пановски: Минатата академска година се изучуваше студиската програма за Прехрамбена технологија и биотехнологија каде што се запишаа 80 студенти во Велес и 50 студенти во Кичево а од оваа академска година ќе се изучува и студиската програма Нутриционизам. 

Лисица: Може ли повеќе да ни кажете за новата наставна програма по Нутриционизам која за прв пат во Република Македонија ја воведе токму Вашиот Факултет?

Пановски: Да, тимот на Технолошко-техничкиот факултет Велес минатата година засилено работеше на акредитацијата за наставната програма по Нутриционизам за да оваа академска година за прв пат во Република Македонија биде застапена на Факултетот. Новата програма по нутриционизам опфаќа осум семестри плус два за пост дипломски студии. Според предвидената динамика за четири години се очекува да се промовираат и првите образовани кадри. Ова е единствена студентска насока. Никаде на друго место во државата не постои нутриционизмот како посебен облик на изучување. Се работи за насока која ги повзрува производството на храна и здравиот начин на живеење.

Лисица: Колкав е бројот на студентите кои можат да се запишат на Вашиот факултет?

За академската 2010/2011 година на Технолошко техничкиот факултет Велес се предвидени вкупно 310 слободни места на двете наставни програми од кои на матичниот Факултет во Велес на наставната програма по Прехранбена технологија и биотехнологија има 80 слободни места и на наставната програма по Нутриционизам 90 слободни места. Останатите 140 слободни места се предвидени за дисперзираните студии во Кичево каде на наставната програма по Прехранбена технологија и биотехнологија се предвидени 60 нслободни места и на дисперзираните студии во Битола на наставната програма по Нутриционизам 80 слободни места.

Лисица: Кои се условите и критериумите за запишување на Вашиот факултет ? 

Пановски: Во оваа учебна година ќе се запишува третата генерација средношколци кои полагаат државна и завршна матура по критериумите што се утврдени во конкурсот. Основен критериум е постигнатиот успех во средно четиригодишно образование  со најмногу 100 поени, 60% општ успех по сите предмети и 40 % успех постигнат на државна матура.

Лисица: На Технолошко-техничкиот факултет Велес како и на останатите Високо образовни институции е воведен ЕКТС  системот. Како влијае на студирањето овој систем?

Пановски: ЕКТС системот секако дека влијае позитивно на студирањето со тоа што со потполната имплементација на овој систем предавањата се со посетеност од 80 до 90 проценти што би рекло дека студентите се повторно вратени онаму каде припаѓаат, односно во предавалните и лабораториите. Со студирање по овој систем студентите можат да ги продолжат студиите во секое време на некој од европсите или факултетите во САД. Истовремено е намелено времето потребно за дипломирање и значителен број на студенти успешно преминуваат во следниот семестар.

Лисица: Дали се предвидени стипендии и други слични  поволности за новите студенти ?

Пановски: Како и минатата академска година Факултет обезбедува 20 уписни стипендии за новите студенти од реномирани компании од Македонија како што се Жито Вардар Велес, Малина 99 Велес,  Агриа Велес, Винарија Дудин Неготино, Делта Пром Велес, Комерцијална банка АД, Милина-Прилеп, Јафа сокови Скопје, Киро Дандаро Битола, Хемометал Битола, Симпекс Битола, Пиконинвестмент Скопје, Б&К маркети Битола, Шеровски компани Битола и други компании за кои подетално можете да се запознаете на нашата веб страна www. www.ttfv.uklo.edu.mk

Лисица: Кој е начинот и критериумите по кои се доделуваат уписните стипендии ?

Пановски: Уписните стипендии се доделуваат на база на интерен Конкурс кој го распишува Факултетот по завршувањето на третиот уписен рок и на кој Конкурс можат да аплицираат запишаните студенти од академската 2010/2011 година. Уписните стипендии се однесуваат на 2 и 3 семестар по два критериуми предвидени во Правилникот за доделување на уписни стипендии а тоа се остварениот успех во средното образование и економско-социјални параметри.

23/08/2010 13:11
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Поуки од разликите Сета убавина на нашиот мултикултурализам знае да биде доведена под сомнеж заради неколку воспалени глави или заради неколку нереализирани политичари.
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.07][15]