Нема санкции за станарите кои не формирале куќни совети

Станарите од зградите кои сеуште немаат формирано заедница на сопственици на станови, засега можат да бидат мирни. Казна од 300 евра барем во Велес нема да ги снајде.

Причина за ова е фактот што општинските власти се прогласуваат за ненадлежни кога е во прашање овој Закон. Тие целата обврска им ја препуштаат на инспекциските слижби на Министерството за транспорт и врски кои се носители на Законот.

Но и од Министерството стигнуваат смирувачки тонови. Тие велат дека на почетокот инспекторите ќе изрекуваат само опомени за станарите кои сеуште ја намаат регулирано оваа обврска.

Инаку во Велес засега регистрирани се дваесетина куќни совети од зградите ,во заедници на сопственици.

Според правилникот во Централниот регистер, пријавувањето чини 2450 денари. Но тоа се првичните трошоци. Во иднина станарите ќе треба да издвојуваат средства од домашниот буџет за одржување на зградата, редовно плаќање на хигиеничарката, а треба да направат развоен план за објектот со основен и резервен фонд на средства.

Граѓаните на Велес и натаму најмногу се жалат поради големата процедура за регистрацијата. Критиките  се упатени  поради обемната документација која претходно треба да ја подготват.

Во Законот освен претседател стои дека, зграда треба да има и благајник, а на рајот од годината преку сметководител да се достави извештај до Централнот регистер.

20/08/2010 00:31
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.04][19]