Жителите од регионот на Азот го блокираа патот кон Богомила

Со трактори и други возила  пред стариот Римски мост во Богомила,  жителите  од неколку населени места од регионот на Азот  денеска го блокираа патот и не им дозволија на камионите на Шумското стопанство „Бабуна" да пренесуваат  дабови дрва и букови трупци.

 Причина за блокадата е  тоа што возилата на   Шумското стопанство целосно го уништиле патот, и поради тоа што од теретот на камионите во секој миг може да падне  и стариот Римски мост. 

„Камионите на Шумското стопанство целосно ни го уништија патот. Години на ред пренесуваат дрва, а досега не дале ниту денар за негова поправка.  Од тежината на камионите попушти и стариот Римски мост. Ако падне ние ќе останеме отсечени. Тој ни е единствената врска со светот", рече  Трајче Димовски, претседател на месната заедница од селото Нежилово.

Жителите од Богомила, Нежилово, Папрадиште,  Ореше па и од другите шеснаесет  села од Азот, кои ги поврзува оваа сообраќајница, бараат од Шумското стопанство веднаш да обезбеди средства за реконструкција на патот и да изгради мост на реката  Бабуна, веднаш до  стариот  Римски мост.    

„Патот, кој за нас значи живот  е изграден во далечната 1984 година. Шеесет одсто од средствата ги обезбеди Државата, а останатите средства ги дадовме ние. Камионите на Шумското најмногу го  оштетија патот за Нежилово во должина од 3,5 километри. Жално ќе биде ако падне и стариот римски мост, што не само за Богомила туку и за Македонија е гордост и има  голема историска вредност", вели жител од Богомила. 

Протестите на жителите ги поддржа и градоначалникот на општина Чашка Горан Пановски.

 „За да излезат луѓето на овие тропски температури значи дека навистина имаат мака. Јас ги поддржувам и во најскоро време ќе побарам средба со министерот за земјоделство Љупчо Димовски и одговорните од ЈП„Македонски шуми". Ќе побарам до крајот на годинава да бидат закрпени дупките на патот од Стари Град до Богомила, а за наредната година да бидат обезбедени средства за целосна реконструкција на патот", рече  градоначалникот Пановски.

Жителите од регионот на Азот се категорични во своите барања. Велат дека  се додека не почне реновирањето на патот и изградба на нов мост нема да дозволат ниту едно возило на Шумското стопанство  да пренесува дрва. Тие најавија блокади на патот се додека  не бидат исполнети нивните барања.

16/08/2010 14:58
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][15]