![]() Воз прегази 75 годишен скопјанец утрово кај железничката станица Рајко Жинзифов
Старецот се движел покрај пругата и имал намера да се качи на воз за да патува кон Скопје. Настанот се случил околу шест часот. Машиновозачот од Возот кој го удрил старецот не ни забележал ,па си продолжил да сообраќа на релација Битола - Скопје. Неколку минути подоцна лицето го забележал друг машиновозач кој превезувал вработени од македонски железници и го однел во општата болница во Велес. Од таму лекарите велат дека 75 годишниот скопјанец бил во шок од ударот ,но контактибилен. По прегледите кај него се констатирани скршеници на рамото и клучната коска. Исражен судија и екипи на полицијата направиле увид на мастото на несреќата. Допрва ќе се испитува зошто машиновозачот не застанал на местото. Истрагата треба да утврди и зошто старецот се движел покрај пругата. 16/08/2010 14:47
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |