![]() Нокиа 1100 - моќно хакерско оружје за „олеснување“ на банкомати
Со помош на овој телефон, произведен исклучиво во германскиот град Бохум, може да се хакираат, да се пресретнуваат банкарски трансакции и да се вадат пари од банкомат. Цената на овој модел што на пазарот се појави уште пред седум години тогаш беше неколку стотици евра, а сега откако веќе не се произведува достигнува и до пет илјади евра. Дека хакерските можностите на овој телефон не се само обична афера, говори и фактот што во Хрватска на пример, граѓаните и корисниците на интернет банкарство се предупредени дека хакери оперираат со помош на Нокиа 1100 и можат да влезат во нивните банкарски сметки. Хрватските медиуми пишуваат дека поради „грешка", овој мобилен телефон станал „оружје" за напад врз високата технологија, бидејќи измамниците можат да ги преземаат податоците што банките им ги праќаат на клиентите, кодови и ПИН-ови. Еден од трговците, кој веќе продал десетина модели, за српскиот весник Прес ја објаснил целата постапка за вадење на парите. Тој раскажал дека наводно постои грешка во софтверот, односно има место во меморијата на телефонот и таму се додава дел од софтвер кој може да влегува во туѓите трансакции. Кога ќе се прочитаат бројките на банкарската сметка и пин-кодовите, тогаш се преминува на реализација. Банкарската картичка со чип, која е поврзана со кабел за мобилниот телефон, се става во банкомат, потоа се испишуваат бројот на сметката и ПИН-кодот и се вадат парите. На можностите на Нокиа 1100 уште пред една година предупредуваа експерти од западна Европа. До пред извесно време моделот на српските пазари се продавал за околу пет евра, а последните денови за модел произведен во Бохум се нудат и неколку илјади евра, пренесува Прес. Заинтересирани клиенти, според весникот имало не само од Србија, туку и од Косово и Македонија.
Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax. 16/08/2010 12:45
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |