Станојковски: Отворање на 1.350 нови работни места

Досега од Европската инвестициска банка одобрени се 35 милиони евра за финансирање на малите и среди претпријатија, изјави за Макфакс Александар Станојковски, директор за кредитирање и гаранции при Македонската банка за поддршка и развој.

Во интервју за Макфакс, Станојковски рече и дека се подготвува и петта транша за повлекување на средства, а од досега одобрените проекти се очекува отвoрање на 1.350 работни места.

Макфакс:На колку фирми досега им се одобрени кредити и во колкава вредност ?
Стојановски: Македонската Банка за поддршка и развој (МБПР) преку реализација на 12 кредитни програми во моментот има кредитни пласмани во износ од 92 милиони евра при што како крајни корисници се јавуваат повеќе од 1.200 микро, мали и средни компании и извозни компании со седиште во Р.Македонија.

Макфакс: Во кои сектори најчесто се одобрени кредити?
Стојановски: По гранки одобрени кредити се во прехранбената индустрија 8,1 отсто,  текстилна индустрија 8 отсто,  потоа графичка индустрија и градежништво, производство на мебел и производи од дрво , земјоделство и сточарство, а има и во производство на хемиски производи како и во  медицина и во образование. Поддржани проекти за компании со седиште во Скопје се 40 отсто од вкупниот број на проекти додека останатите 60 отсто од вкупниот број на поддржани проекти се на компании со седиште надвор од Скопје.

Макфакс:Кој ги контролира одобрените средства и дали се контролира како се трошат парите?
Стојановски: Договорите за кредит крајните корисници ги склучуваат со деловните банки учеснички кои ја вршат и првичната контрола на наменското користење на средствата т.е. дали средствата се искористени за намената за која биле побарани. На пример, ако се работи за инвестиција за набавка на опрема, банката средствата преку своите инструменти (СВИФТ плаќање) во име на инвеститорот и согласно договорите за купопродажба и фактурата го врши плаќањето. Со тоа банката е сигурна дека средствата се уплатени наменски за набавка на специфицираната опрема согласно утврдените договори, фактури и програма.

Макфакс:Колку досега транши се одобрени и во колкава вредност?
Стојановски: Досега беа одобрени 35 милиони евра од ЕИБ и повлечени во четири транши. МБПР прави припрема за повлекување на петта транша. Веќе располага со одобрени барања во износ од 12 милиони евра, а минималниот износ за повлекување од ЕИБ е 3 милиони.

Макфакс:Колку досега работни места се отворени со кредитите?
Стојановски: Согласно доставената проектна документација за веќе одобрените 159 проекти се очекува да се отворат 1.350 нови работни места. Со оглед дека најголем дел од инвестициите се во фаза на реализација, изградба на објекти, набавка и инсталирање на опрема, пробно производство, отворањето на новите работни места во моментот се одвива со соодветна временска динамика.

Макфакс:До каде е процесот за вашата банка директно да го кредитира стопанството, зошто сеуште ја немате таа можност?
Стојановски: Со законот за МБПР кој што стапи во сила во септември 2009 година е предвидено МБПР своите активности да ги врши преку други банки или небанкарски институции или директно. Со тоа на МБПР и се даде можност директно да презема кредитен ризик. Па така, МБПР во изминатиот период ја прошири својата активност во делот на директно преземање на кредитен ризик по основ на трговско кредитно осигурување кај компании кои имаат домашни или побарувања од странство.

Макфакс:Дали сте задоволен од интересот на компаниите?
Стојановски: Мислам дека ова прашање пред се треба да се одговори од банките учеснички кои имаат директен контакт со крајните корисници, но сепак би сакале да нагласиме дека сите кредитни барања доставени до деловните банки се одобрени од ЕИБ. Исто така би сакале да напоменеме дека условите под кои се одобруваат кредитите од ЕИБ кредитната линија, се едни од најповолните.

 

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.

11/08/2010 13:58
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][31]