Се асфалтира регионалниот пат за Чашка

Се асфалтира  регионалниот пат R-520 што Општина Чашка ја поврзува Извор и околните села.

По реконструкцијата на најоштетените делови од патот, од месноста Долги Рид до селото Бусилци , работниците од ЈП „Македонија пат" почнаа со асфалтирање.

Во текот на наредните неколку дена асфалт ќе биде поставен на 1.650 метри. Со асфалтирањето на патот ќе се подобри сообраќајот кон Богомила, Извор, Јасеново, Солунска Глава и кон другите населени места од регионот на Азот. Агенцијата за државни патишта,  за реконструкција и асфалтирање на патот обезбеди 5 милиони денари.

Според договорот меѓу  Општина Чашка и Агенцијата, работниците и машините од „Македонија пат", по асфалтирањето на регионалниот пат  ќе ги продолжат работите на патот од селото Лисиче до Дреново, кој ја поврзува браната на Хидросистемот „Лисиче".

За реконструкција и асфалтирање на оваа сообраќајница, широка четири метри, Агенцијата, исто така, обезбеди  5,5 милиони денари. Одговорните во Општина Чашка истакнуваат дека  доколку овој пат не биде дограден до селата Долно и Горно Јаболчиште и тој ќе  претставува проблем бидејќи над две илјади жители од овие планински села и понатаму ќе останат одсечени.

Општината прави напори преку Агенцијата и Министерството за транспорт и врски да обезбеди пари за доградбата на преостанатите осум километри. Велат дека ако не до крајот на оваа барем во наредната 2011 година и оваа сообраќајница   да биде изградена за  конечно жителите од овие села да бидат поврзани со светот. 

10/08/2010 14:02
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.04][21]