![]() Раштанци ќе добијат вода за пиење
За изградбата на пумпена станица и потисен цевковод во селото Раштани Министерството за транспорт и врски обезбеди 2,6 милиони денари. Работите се при крај и се очекува објектот да биде готов до крајот месецов. Со изградбата на новата пумпена станица и новиот зафат за наоѓање изворска вода , 320-те жители од Раштани трајно ќе го решат долгогодишниот проблем, водата за пиење. Забрзано се изведуваат работите и на патот, од клучката од Автопатот Скопје-Велес, кај езерото „Младост", до селото Сопот, во должина од над четири километри. Оштетените делови на патот од последните поројни дождови се посипуваат со шлунак со цел патот да биде оспособен за сообраќај до негово асфалтирање. За реновирањето на овој патен правец, кој е единствена врска на селото Сопот со Велес, се вложени над 150.000 денари. При крај се работите и на изградбата на последниот крак на една од предвидените три пречистителни станици во селото Горно Оризари. За првата, Министерството за транспорт и врски обезбеди пет милиони денари. Со отпадните води таа ќе го реши проблемот само на 500 од вкупно 2.650-те жители во селото. Во Општината велат дека за изградба на останатите две ќе бидат потребни уште 20 милиони денари. Градежните работи ги изведува ГП„Делта" од Велес. Велес деновиве наликува на вистинско градилиште. По поплочувањето на улиците кон црквите „Свети Пантелејмон" и „Свети Спас", во должина од 1,6 километри, во тек се работите околу асфалтирање или бетонирање на десетина помали и поголеми улици во центарот и повисоките делови на градот. 06/08/2010 14:53
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |