Американскиот актер Чарли Шин призна дека е виновен за напад врз неговата сопруга што го направил минатиот Божиќ, и беше осуден на 30 дена рехабилитација за дрога и алкохол, пренесе Телеграф.
Во спогодба со обвинителите во Аспен, Шин исто така се согласи на тримесечна условна казна, време во кое не смее да конзумира дрога, освен лекови за кои има рецепт, и не смее да пие поголеми количини на алкохол.
Шин (44) бил тивок поголемиот дел од судењето и кога го запрашале како се чувствува за случајот, Шин се изјаснил за виновен по обвинението.
Чарли Шин беше уапсен на Божиќ откако Брук Мулер, неговата трета жена, и кажа на полицијата дека тој ја нападнал со нож и и се заканувал дека ќе ја убие.
Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.