![]() Грчките граѓани и денес по гориво во Македонија
„На граничниот премин Богородица до сега велегоа и излегоа 14 000 патниц. 2.500 македонски граѓани ја напуштија државата а само 500 македонци влегоа. Најголем број од патниците кои влегува во Македонија од овој граничен премин се Грци, дури 4000. Поради познатите случувања во Грција тие откако ке наполанат горивоја напуштаат нашата држава", вели Никола Стамнов, командирот на полициската станица на граничниот премин Богородица. Колони од возила долги околу 500 метра има на двете бензиски пумпи кои се ведна до границата. На граничниот премин Богородица нема застој за влез и излез. Според, командирот на полициската станица Стамнов, во функција се девет ленти, и токму затоа за влез и излез на овој граничен премин се чека само по десетина минути. Според патниците кои влегуваат во Македонија кај нашиот јужен сосед состојбите со недостиг на бензин се алармантни. Иако од вчера во процесот на нормализирање на состојбата грчкаат Влада одлучи да ги вклучи припадниците на Армијата кои дотур на гориво и храна вршат по копно и вода и денес таму нема бензин а веќе видливи се и недостатоците на основните прехранбени производи. На патиштата и понатаму се забележуваат голем број на паркирани автомобили. Штрајкот на превозниците ја предизвика нафтената криза, откакао грчката Влада не се снајде најдобро со решавање на проблемот, експертите велат дека на повидок е општа криза кај соседна Грција, слична како онаа пред триесетина години. 01/08/2010 16:46
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |