![]() СВР Велес: и тепаниот тепал !?
Василис, во своите изјави неспомна дека и тој го удрил својот партнер, Ампов. Дека двајцата ортаци меѓусебно се удирале денес обелодени СВР Велес. Портпаролот Анита Стојковска, рече дека по пријава за нарушување на јавниот ред и мир, полицијата направила увид и ги превзела сите мерки за расветлување на случајот. „Направен е разговор со двајцата учесници во тепачката и другите лица кои во моментот се нашле на тоа место и е констатирано дека се работи за нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебно тепање. СВР Велес бара покренување на прекршочна постапка против Ампов и Каравуламис", вели Стојковска. Повредите на кои се жалеше вчера Василис според медицинската документација на Хирушкото одделение на Велешката болница се класифицирани како лесни телесни повреди. Сотир Ампов и Василис Каравуламис се бизнис партнери. Тие пред 10 години ја купија Велешка свилара. Каравуламис, вчера го обвини Ампов дека не го пуштал да влезе во кругот на фабриката од која поседува 50 насто. Зошто настанала тепачката помеѓу македонскиот и грчкиот бизнизмен, нема одговор. Ампов и денес за настанот одбива да говори јавно. 30/07/2010 15:52
Технолошко-техничкиот факултет стипендира 20 студенти
Нега на кожата во тек на бременоста
Од каде се информирате?![]() |