![]() Четворица повредени во судир со воз
Машината се движела зад возот по пругата кон Скопје кога од засега непознати причини удрила во задниот дел од возот што се движел од Гевгелија кон Скопје при што со тешки повреди се здобиле машиновозачот и уште тројца негови колеги. Повредените веднаш по несреќата биле префрлени во Велешката болница. Железничките несреќи се секојдневие во полициските билтени. Вчера три лица беа повредени кога во автомобилот во кој се возеле удрил воз кај железничкиот премин во близина на тетовското село Фалише. Причините за несреќите се дивите необележани премини кои се неодржани. Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax. 30/07/2010 14:12
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |