![]() Зголемен бројот на прелети над Македонија
Според податоците од Eurocontrol во јуни 2010 М-НАВ регистрира зголемување на бројот на наплатни единици од прелетите за 6,2 отсто во однос на истиот период минатата година. Благодарение на успешниот резултат во јуни надминати се негативните ефекти кои беа предизвикани од облакот со вулканска прашина и комплетното приземјување на воздушниот сообраќај во период од една седмица во април и значителните редуцирања на летовите во Европа предизвикани од кризата, се вели во соопштението на М-НАВ. Позитивниот тренд од јуни продолжува и во текот на јули во кој според статистиката до 25 овој месец се очекува да се одржи истиот интензитет на зголемување на бројот на прелети како во јуни. Прогнозите до крајот на годината се дека во нормални услови ќе бидат забележани рекордни резултати во бројот на прелети на нашето небо. Операциите со локалниот воздушен сообраќај на аеродромите во Скопје и Охрид се со двоцифрени процентуални показатели за зголемување, стои во соопштението. Македонската контрола на летање со имплементацијата на новиот систем, која се предвидува да отпочне по 2012 година, планира да го подобри квалитетот на услугите. Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax. 30/07/2010 14:05
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |