Владата ќе ги спасува родилиштата

По катастрофалните резултати кои што ги констатираше стручниот надзор во родилиштата низ Македонија во петок започна реконструкцијата на специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир, второто по големина родилиште во Македонија, каде се вршат над 3.000 породувања годишно.

„Со денешното означување на почетокот на градежните работи го означуваме почетокот на реконструкцијата на 20 јавни здравствени установи кои се дел од првата фаза за реконструкција на јавните здравствени установи", изјави министерот за здравство Бујар Османи.

Министерството за здравство само во оваа болница ќе инвестира околу два милиони евра, а се очекува болницата да се реконструира за не повеќе од 12 месеци.

„На крајот од сите овие работи ќе добиеме модерна болница со модерни двокреветни соби, апартмани, ќе се подобри квалитетот на условите во родилиштата и родилките ќе имаат попријатен престој" вели Османи.

Во извештајот на стручниот надзор клучен проблем беше и недостатокот на кадар во гинеколошките одделенија. Дефицитот на кадар во гинеколошките установи денеска е на владината комисија за човечки ресурси, а конечен исход ќе има на владината седница во сабота.

„Еден факт е дека не е констатиран дефицит во целиот систем, туку е нерамномерна распределбата на локација на кадар, некаде превработеност некаде дефицит. Со измената на законот овозможивме хоризонтална мобилност на здравствените работници, од една во друга установа" вели Османи.

Тој поднесувањето оставката, кое од него го побараа Сојузот на жените на Македонија не го смета за соочување со проблемите

„За мене одговорност значи соочување со проблемите, оставка е значи бегање од проблемите.Тоа не е мој стил на работа јас не сум така воспитан, јас се разбира дека чувствувам одговорност за тоа што се случува во здравството, и покрај тоа што за голем дел од работите кои што ми се припишуваат не сум директно одговорен" вели Османи.

Комисијата за стручен надзот констатира недоволен број на персонал и опрема, неадекватни санитарни услови и стари згради во родилиштата низ Македонија.

Во последните неколку месеци починаа две родилки од Прилеп, од Гостивар, а пред неколку дена почина и родилка од Велес. Родилиштето во Прилеп одредено време поради немање основни услови за породување, беше затворено, а директорите добија и кривични пријави.

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.

30/07/2010 14:00
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Технолошко-техничкиот факултет стипендира 20 студенти
Апликациите за добивање на стипендии, бручошите може да ги доставуваат во факултетот. Стипендиите ги обезбедуваат македонските компании.
Lisica.mk Од наш агол Нега на кожата во тек на бременоста
Отсуство на нега за време на бременост може да има негативни последици и проблеми со кожата кои подоцна тешко ќе можат да се корегираат.
Колумна Колумна
Впечатоци од Северна Ирска “Знам за две трагични истории – таа на Ирска и онаа на Македонија. И двете биле осиромашувани и мачени” – Роџер Кејсмент, ирски патриот, револуционер и познат поет.
Од каде се информирате?

Дневен печат

Интернет портали

Телевизија

Радија

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.03][28]