Вечерва завршува борбата за награди во Стоби

На сцената во Стоби, љубителите на античката драма ќе имаат можност да ја погледнат тетарската претстава ,, Цар Едип" во режија на Руслан Кудашов.

Актерската екипа на куклената претстава се членови од повеќе тетари од Бугарија.

Со одличната тематика за Царот Едип и денот на ослепувањето преку кукли, актерите ќе го преточат слепилото на Едип во величествен симбол полн со многусложни насоки.

Бугарските актери преку куклената претстава  ќе и овозможат на публиката да ја долови вистината за ништожните човечки знаења, и за дофатите на нови суштества и светови  со нова светлина која е чиста и предходно не загадена.

,, Цар Едип,, е последната театрска претсатва на овогодинешниот фестивал на античка драма ,, Стоби 2010,, која е во конкуренција за една од престижните награди.

Покрај оваа античка драма, во трката за награди се и претставите ,,Хамлет,, на Драмски Скопје, Монодрамата,, Антигона" , од прилепскиот ,, No name" и  ,, Баханалии" од велешкиот театар домќин на овој фестивал.

Претставата ,, Цар Едип,,  е со почеток во 21 часот.

Завесата на Фестивалот на античка драма, ќе се спушти сабота на 31 јули кога ќе бидат доделени наградите, а во нивна чест прилепскиот тетар ,, Војдан Чернодрински,"ќе ја одигра претставата ,, Крпен Живот".

30/07/2010 13:42
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Технолошко-техничкиот факултет стипендира 20 студенти
Апликациите за добивање на стипендии, бручошите може да ги доставуваат во факултетот. Стипендиите ги обезбедуваат македонските компании.
Lisica.mk Од наш агол Нега на кожата во тек на бременоста
Отсуство на нега за време на бременост може да има негативни последици и проблеми со кожата кои подоцна тешко ќе можат да се корегираат.
Колумна Колумна
Пред неколку години беше различно Македонија беше држава со други развојни димензии и динамики.
Од каде се информирате?

Дневен печат

Интернет портали

Телевизија

Радија

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.03][7]