Големата печка да се поправи па потоа работниците ќе се вратат во Киро Ќучук !?

Неколку седмици работниците од Керамичката индустрија „Киро Ќучук" од Велес наместо покрај машините седат дома. Причина е дефект на големата печка за тенкоѕидни елементи во која се произведуваа 35 милиони единици тенкоѕидни елементи.

Експертите велат дека нередовниот ремонт на печката е главниот проблем кој  доведе најнапред до дефект на инсталација  за мазут за потоа и технички и технолошки таа целосно да  престане да функционира. 

Од компанијата  велат дека  за купување на шините, потоа  за репарација на вагоните , за замена на инсталацијата за мазути, паднатиот плафон на печката, изолационите средства  и друго  се потребни големи пари.

И додека  250-те работници , кои повеќе месеци немаат земено десетина па и повеќе плати, седат дома.

„Состојбата во Керамичката индустрија „Киро Ќучук" во Велес е повеќе од тешка. Синдикатот за градежништво нема да биде нем посматрач на случувањата во фабриката. Загрижени сме за настанатата состојба како на фабриката така и за вработените. Ако во скоро време не дојде до рестартирање и враќање на работниците повторно на работа ,ќе реагираме според Законот за заштита на работниците",  рече Павел Трендафилов, претседател на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање.

На состојбите во велешката керамичка индустрија со загриженост гледа и Регионалниот синдикален совет. Велат дека од раководниот тим на компанијата добиле ветување дека веќе обезбедиле дел од потребните пари, купиле дел од потребните материјали и дека почнале со  ремонт на печката. 

„Информирани сме дека ремонтот ќе биде завршен до средината на август и дека работниците повторно ќе го продолжат производството. Радува фактот што доверителите, кај кои се и парите,  се заинтересирани „Киро Ќучук" да продолжи со работа, а не да оди во стечај", рече  Себо Шаќиров, претседател на Регионалниот синдикален совет. 

Големиот дефект на печката и прекинувањето со работа на фабриката  беше повод неодамна  бордот на директори да го разреши досегашниот извршен директор Кире Камчев и на негово место да постави нов.

Инаку, велешката Керамичка индустрија во последниве години постојано работи со загуби. Покрај  неисплатени плати и  придонеси на работниците компанијата има обврски од над сто милиони денари кон УЈП и кон доверителите.

Дали новиот раководен тим ќе ги обезбеди потребните средства за ремонт на големата печка и ќе подмири дел од обврските или пак,  како и на многу други фирми во Велес, и на „Ќиро Ќучук"  ќе му биде ставен клуч.

30/07/2010 12:45
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][14]