![]() Каравуламис: Ме натепа мојот партнер
Според Каравуламис вработените на капијата во заедничката фабрика, поранешна Свилара во Велес, најанапред го информирале дека тој неможе да влезе во кругот на компанијата. Наместо одговор зошто му се ускратува можноста за слободно движење во сопствен имот, обезбедувањето го фатило за раце а неговиот ортак Ампов, започнал да го удира по главата и телото. Грчкиот бизнисмен е пренесен на Хирушкото одделение, на велешката болница, каде што му е укажана лекарска помош. „Сотир и неговиот брат Михајло сакаат да ме избркаат од Македонија. Јас несакам да си одам бидејки тука сум 11 години и имам 50 проценти од капиталот на ДИДО Груп. Овој комбинат пред кој Сотир денес физички ме нападна и недозволи да влезам, го купивме со заедно", рече Василис Каравуламис. Василис, му порача на својот ортак, „ Не се плашам, нема да ја напуштам Македонија, нема да ме избркате од компанијата а и да ме тепате ". . . . . Јавно Ампов одби да даде изјава за настанот. Во телефонскиот разговор со новинарите негираше дека физички го нападнал Василис. Според информации од СВР Велес, Сотир Ампов вчера бил повикан на разговор. По сослушување на инволвираните лица СВР Велес ќе испадне со официјално соопштение. 29/07/2010 16:08
Технолошко-техничкиот факултет стипендира 20 студенти
Нега на кожата во тек на бременоста
Од каде се информирате?![]() |