![]() Баханалиите како дома во Стоби
Ова е мислењето на голем број љубители на театарот, а со него се сложува и режисерката Паташа Поплавска. Дополнителна тежина, претставата која обработува антички мотиви од животот во градот Теба, добива одигрувајки се на оваа локација. „Сега по ова што го видов на сцената мислам дека претставата си дојде на правотот место. Оваа претстава како да е правена за овој амбиент во Стоби и многу повеќе и леши и визуелно и акустично за разлика од сцената во театарот", рече Наташа Поплавска, режисер на претставата. Во претставата Баханалии настапува речиси целата актерска екипа од велешкиот театар Џинот, а по пауза од неклу години на сцената во Стоби се врати и Васил Зафирчев во улогата на богот Дионис. „Прекрасно е чуството да се игра претстава во Стоби. Јас секогаш сум велел дека имаме одлична публика ,а тоа се докажа и сега. Аплаузот кој го добивме на стартот ни даде голем мотив да одиграме на високо ниво", вели Васил Зафирчев актер. „Одлично се чувствував на сцената во Стоби. Мислам дека одигравме добра престстава. Секогаш ми е предизвик да настапувам во овој театар каде на сцената стапнале генерации на актери", вели Маја Љутков актерка. На крајот од претставта аплаузот од гледалиштето траеше неколку минути. Со тој факт Баханалии се наметнаа кај жири комисијата како еден од сериозните кандидати за награда. Во официјална конкуренција на деветиот фестивал на Антилка драма во Стоби останува во петок да се одигра Цар Едип на бугарските куклени театри. Фестивалот се затвора на 31 јули кога ќе се доделат наградите за најдобрите лични и колективни остварувања. 28/07/2010 14:12
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |