![]() Заврши првиот Гастрономски фестивал
Врвните босански мајстори ја подготвија традиционалната чорба, питата Зељаница, Хаџискиот чебап и босанскиот севдах. „Она што еслично со вашата кујна е тоа што јадењата се подготвуваат со многу зеленчук, кај сите нас многу влијание има турската кујна која многу време се задржала на овие простори.Ние до денес тоа сме го одржале на некој модерен начин.нашата кујана е слична со Вашата со карактеристиките од поднебјето од каде доагаме", велат босансите готвачи. Интернационални готвачи готвеа во кујната на хотел Романтик. Ова беше добра можност домакините да видат како нивните колеги ги подготвуваат националните јадења кои веќе се дел од менито на хотелот. „Ние малку повеќе учевме за овие кујни, не ни беше техко да го постигнеме тоа што тие го бараат од нас, односно да им се најдеме при рака и да им помогнеме во подготовка на овие вечери", рече Руска Ајтова, шеф на кујната на Хотел Романтик. Организаторите задоволни, велат дека целта е постигната, езерото Младост е презентирано како туристичка транитна дестинација. „Преку размената на обележјата и културните вредности , го најдовме елементот на врзување на нашата НВО и Хотел романтик", вели Анида Цецева, НВО 46664 „Успеавме да доловиме традицијата на готовење како и култура на исхрана од земјите учеснички", вели Славчо Ефтов, менаџер на хотел Романтик. Годинешниот фестивал беше ревијален, веќе од следната тој треба да биде натпреварувачки. 27/07/2010 15:21
Технолошко-техничкиот факултет стипендира 20 студенти
Нега на кожата во тек на бременоста
Од каде се информирате?![]() |