![]() Фокус доби 24 илјади долари донација
Донацијата четири компјутери, печатар, телефонска централа,сервер, клима уред и патничко возило џип на велешката невладина организација им ја предаде Ерик Пасифик, директор на канцеларијата за демократија и локална самоуправа. „УСАИД на најдобрите невладини организации кои ги реализирале проектите им дава донации. Велешки „Фокус" оваа донација ја заслужи зашто навреме и успешно ги заврши трите проекти што беа финансирани од фондови на организации од САД", рече директорот на УСАИД Пасифик. Невладината организација „Фокус", во изминатите три години, со средства обезбедени од фондови на САД, ги реализираше успешни проектите:„Насмевка во пижами", со која беше доопремено детското одделение во болницата во Велес, „Ние за нашата заедница" преку кој беа реализирани граѓанските приоритети и јавни расправи за годишните програми и буџетот во општините Велес, Градско, Лозово и Чашка, и „Воспоставување фонд за поддршка" со кој на 50 деца од социјално немоќни семејства им се обезбеди бесплатен оброк и им се донираа новогодишни пакетчиња, сликовници и комплети лектири. „За „Фокус" ова е големо признание но, и обврска која мора да ја оправдаме", вели Весна Шкортова, директор на невладината организација.
27/07/2010 13:21
Технолошко-техничкиот факултет стипендира 20 студенти
Нега на кожата во тек на бременоста
Од каде се информирате?![]() |