![]() Прво судска одлука па потоа решение за хотелот Вила Зора
Ова е ставот на градоначалникот Петров. Според него ако Судот пресуди во корист на Општината, тогаш ќе отпочнат преговори со Министерството за обазование во хотелот да се преместат сите факултети кои што работат во Велес бидејки ова е идеално место за тоа. „Со оглед на просторните можности кои ги има хотелот, таму може да се изведува настава ,но може да сеорганизира и исхрана за студентите, како и да има интернатски дел за оние кои не се од Велес", смета Горан Петров градоначалник на Велес. Во моментов за хотелот за грижи Сојузот на борците. Но тие велат дека немаат начин како да се запре уништувањето. Објектот од ден на ден пропаѓа, но како најголем проблем ги посочуваат наркоманите кои секојдневно се таму. „Голем проблем се крадците и наркоманите. Ние за да се справиме со нив воведовме и чуварска служба ,но сепак немоше целосно да ги спречиме. Пријавуваме во полицијата ,но засега резултати нема Наркоматите се тука среде бел ден идат во групи и си ја примаат дозата", вели Саздо Кицевски претседател на Сојузот на борците. Во градското подрачје на Велес во моментов нема ниту еден угостителски објект. Последен беше токму хотелот Вила Зора кој не работи од 7 декември 2009 година. Објектот е изграден на површина од 5722 метри квадратни располага со 120 соби, две сали, кујни. Тоа се капацитети кои сега се оставени на забот на времето. 26/07/2010 13:48
Технолошко-техничкиот факултет стипендира 20 студенти
Нега на кожата во тек на бременоста
Од каде се информирате?![]() |