Вечер на италијанска храна во Романтик

На првиот интернационален гастрономски фестивал на хотел Романтик, вчера вечер љубителите на добрата храна имаа можност да ги вкусат специјалитетите од италијанската кујна, приготвени од вештите раце на врниот мајстор Галуко Масимо Гадуко

,, Кај нас има море, па затоа омилена храна за приготвување ни е морсакта. Продуктите потребни  за нашата храна можат да се најдат и кај вас. И во Италија, се шета од еден до друг регион за да се пронајде потребната состојка. Октоподот е лесен спред мене за подготвување, вечерва и вашите граѓани ќе имаат можност да го пробаат,, рече Галуко Масимо Гадуко.

Овие врни мајстори готвеа пред очите на публиката. Храната го имаше вистинскиот вкус со разните сосотјки кои ги додаваа на нивните  специјалитети. Покрај карактеистичните лазањи, пици кои се знак на италијанската кујна,  куварите од Италија приготвија, јунешкото месо со сос од мајонез и туна, црн домат со пармезан и секако главното јадење необично за нашето поднебје октопод со комипр, морков и рузмарин, а за целосно да се долови амбиентот на Италија придонесе и десертот од бисквити, кафе и како.

,, Октоподот е одличен, и доста вкусен, но сепак ми недостасува онаа вкусна италијанска храна од тестенини. Задоволен сум од храната што ја подготвија оваа вечер мајсторите од италијанската кујна,, рече градоначалникот Горан Петров.

,, Италијанската кујна е различна, има повеќе региони. Ова што вечерва ќе го приготват е само резиме што е всушност нашата кујна.,, рече државниот секретар на италијанската амбасада

На оваа вечер, се претстави срцето на Италија. Преку добрата храна и чаша вино се судрија две култури, традиции преплетени во едно.

Велешани ги вкусија специјалитетите, а италијанските мајстори ќе заминат оттука со големи импресии . Преку оваа манифестација ќе се  презентира националната кујна,  богатата традицијата и културата на  градот Велес, а воедно  ќе се развива и туризмот.

,, Целта на гастрономскиот фестивал е да се запознае населението со другите кујни од светот, но и тие земји да се запонзаат со нашата традиционална македонска храна. Преку овој фестивал ќе се презентира Општина Велес со цел да се развие турзмот во нашиот град,, рече Анида Цецева од невладината 46664

Велешани за втората вечер се покажаа како големи гурмани на италијанската храна,  на Хотел Романтик се бараше место повеќе, но капацитетот за 250 гости беше целосно исполнет. Фестивалот продолжува и понатаму, со Полска и Босанска кујна.

23/07/2010 15:16
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Технолошко-техничкиот факултет стипендира 20 студенти
Апликациите за добивање на стипендии, бручошите може да ги доставуваат во факултетот. Стипендиите ги обезбедуваат македонските компании.
Lisica.mk Од наш агол Нега на кожата во тек на бременоста
Отсуство на нега за време на бременост може да има негативни последици и проблеми со кожата кои подоцна тешко ќе можат да се корегираат.
Колумна Колумна
Пред неколку години беше различно Македонија беше држава со други развојни димензии и динамики.
Од каде се информирате?

Дневен печат

Интернет портали

Телевизија

Радија

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.03][10]