Арамии секој ден пустошат во хотел Вила Зора

Без вистински газди хотелот Вила Зора е оставен на крадците и наркоманите.Додека се чека реакција од надлежните хотелот пропаѓа. Корисниците имаат големи проблеми да се справат со крадците кои во текот на вечерните часови ги кршат прозорците   влегуваат во објектот и прават штета.

Последната кражба се случи синоќа. Засега непознати сторители влегле во канцелариите на сојузот на борците и во здружението на инвалиди ,но откако не пронашле пари зад себе оставиле само пустош.

„Утринава кога дојдовме видовме се дека е расфрлано и веднаш пријавивме во полиција по што нивни екипи направија увид на местото на настанот. Инаку вакви обивања и кражби имаме речиси секојдневно„вели Саздо Кицевски претседател на Сојузот на борците.

 Напуштените простории се вистинско дувло и за наркоманите. Расфрлани шприцови, игли и празни шишенца од метадон и останати средсва кои ги користат наркоманите можат да се видат на секој ќош.

„Голем проблем се крадците и наркоманите. Ние за да се справиме со нив воведовме и чуварска служба ,но сепак немоше целосно да ги спречиме. Пријавуваме во полицијата ,но засега резултати нема Наркоматите се тука среде бел ден идат во групи и си ја примаат дозата", вели Кицевски.

Во градското подрачје на Велес во моментов нема ниту еден угостителски објект. Последен беше токму хотелот Вила Зора кој не работи од 7 декември 2009 година. Објектот е изграден  на површина од 5722 метри квадратни располага со 120 соби, две сали, кујни. Тоа се капацитети кои сега се оставени на забот на времето

Нерешените сопственички односи се главниот проблем за неговото нормално функционирање. Откако А.Д  Киро Ќучук го остави хотелот со кого стопанисуваше 16 години, објектот им се врати на поранешните корисници Сојузот на Борци од Велес кои имаат 60 проценти и Фондот за пензиско осигурување со 40 проценти. Тие велат дека немаат средства за да го реконстуираат објекти, кој со Законот за сопственост донесен во 1999 година е во државно владение. Очекуваат владат да направат проект за реновирање на објектот и подоцна тој да се издава или да се понуди на продажба. Веќе имало заинтересирани страни кои сакаат да работат тука.

22/07/2010 14:30
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Технолошко-техничкиот факултет стипендира 20 студенти
Апликациите за добивање на стипендии, бручошите може да ги доставуваат во факултетот. Стипендиите ги обезбедуваат македонските компании.
Lisica.mk Од наш агол Нега на кожата во тек на бременоста
Отсуство на нега за време на бременост може да има негативни последици и проблеми со кожата кои подоцна тешко ќе можат да се корегираат.
Колумна Колумна
Пред неколку години беше различно Македонија беше држава со други развојни димензии и динамики.
Од каде се информирате?

Дневен печат

Интернет портали

Телевизија

Радија

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.04][7]