Храната ги зближи синоќа Македонците и Хрватите

Започна првиот интернационален гастрономски фестивал во Македонија.

Хотел Романтик и невладината организација 46664 се организатори на настанот. 

„Целта на овој настан е да се обноват застарените пријателства но и да се даде една нова содржина на езерото Младост  и нормално да го промовираме хотел Романтик како место за рекреација и одмор на транзитните туристи но и на домашните гости", вели Руска Ајтова. 

Атрактивниот готвач Алмо Чатлак ја имаше честа да го отвори гастрономскиот фестивал. Хрватската кујна е поразлична од нашата само порад употребата на разновидните зачини.

„Готвењето е уметност нешто како шоу, јас и имам свое колинарско шоу на националната ХРТ, секојденвно подготвувам јадења тоа е комбинација на разновидни продукти и зачини. Во моето семејство кулинарството е традиција.Задоволство е да се биде тука во Македонија во хотел Романтик, македонската кујна е прекрасна, посакувам овој фестивал дастане традиција и догодина да дојдеме пак", рече Чатлак. 

Дел од двете предјадења, главното јадење но и десертот тимот на Чатлак го подготвува пред гостите. Тие пак задоволни  од она што го вкусија. 

„Прекрсно, за прв пат пробав риба  со алги, можеби повеќе беше зачинета за наш вкус, главното јадење не с еразликуваше во многу од она како ние го подготвуваме месото а и вкусот беше занас познат, ова е доказот дека македонската и хрватската кујан се слични"

„Вкусот на рибата беше сосема поинаков, веројатно за нас чуден бидејки ние риба и алги неподготвуваме заедно, второто топло предјадење   е нешто што е блиски до нашата кујна, тестенина полнета со кашкавал и маслинка тоа го има и кај нас", рекоа случајно анкетираните гости на Гастрономскиот фестивал.

На првата вечер од гастрономскиот фестивал гостин на градоначалникот Петров му беше амбасадорот на Република Хрватска во Македонија, Иван Кујунџиќ. 

„Далматинската кујна за нас Македонците  е малку непозната, впроцем како и целата медитеранска кујна, она то го пробавме беше прекрасно.Секоја кујна си има свој шмек. Вечерва ова за мене е уживање,  се надевам дека и во иднина ќе имам можност да уживам во хрватската кујна", рече Горан Петров, градоначалник на Велес.

 „Посебо ми е драго што оваа вечер тука ме има толку многу љубители на добрата храна, ова е потврда на нашето долгогодишно пријателство. Ја  сакам хрватската кујна но некако станувам и постојан обожавател на мекедонската. Вашата кујна е прекрасна имате прекрасни јадења", рече амбасадорот,  Иван Кујунџиќ. 

Следното преставување е на Италијанската национална кујна. Куварите веќе се пристигнати а љубителите на италијанската храна истата ќе може да ја вкусат во четврток.

Овој фестивал годинава е од ревијален карактер но организаторите велат дека од нередната година тој ќе биде натпреваручки.

21/07/2010 11:18
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Технолошко-техничкиот факултет стипендира 20 студенти
Апликациите за добивање на стипендии, бручошите може да ги доставуваат во факултетот. Стипендиите ги обезбедуваат македонските компании.
Lisica.mk Од наш агол Нега на кожата во тек на бременоста
Отсуство на нега за време на бременост може да има негативни последици и проблеми со кожата кои подоцна тешко ќе можат да се корегираат.
Колумна Колумна
Пред неколку години беше различно Македонија беше држава со други развојни димензии и динамики.
Од каде се информирате?

Дневен печат

Интернет портали

Телевизија

Радија

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.04][5]