Истекува рокот за пререгистрација на куќните совети

На 13 ти август, истекува законски определенот рок  до кога треба да се изврши пререгистрација на зградите  во Заедници на станари. Иако Законот е донесен одамна сепак станарите не се премногу ажурни по ова прашање, туку напротив велат дека со него уште повеќе ќе се искомплицира заедничкото живеење.

Обврската да се пререгистрираат во Централниот регистар во заедници на сопственици или да си назначат управители, фирми кои ќе се грижат за сите нивни заеднички потреби им ја наметнува новиот Закон за домување. Голем број куќни совети и досега не биле запишани во надлежниот регистер. Таксата за упис во Централниот регистар, според тарифата на оваа институција, изнесува 2.452 денара за новооснованите Заедници на сопственици, а за усогласувањето со Законот, досегашните куќни совети треба да издвојат по 1.603 денари. Плус 200 денари се доплаќа за секоја наредна промена на претседателот на куќниот совет, односно сега одговорниот во заедницата на сопственици

Поинформираните граѓани имаат многу забелешки ,прашања и дилеми за законот. Сеуште не е јасно дефинирано како ќе се плаќа заедничката сметка за потрошена струја и вода ,одржување на лифт ,заедничките инсталации и чистачката ,за која и вака тешко се собираат пари. Станарите се плашат дека овој закон ќе ги раскара уште повеќе.

Согласно со член 19 од Законот за домување, управителот подготвува пресметка на трошоците за управување на станбената зграда, ги распоредува меѓу сопствениците на посебните делови, било тоа да се станови, дуќани или друг вид простории, ги прима уплатите на сопствениците на посебните делови врз основа на месечната пресметка и ги плаќа обврските од договорите склучени со трети лица. Исто така, согласно со член 33, управителот е должен да му издаде на секој сопственик на посебен дел месечно пресметка за трошоците за редовно одржување, како и за состојбата на резервниот фонд за целата станбена зграда", велат од Министерството за транспорт и врски.

19/07/2010 14:24
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.14][13]