СТРАВ: Велес со најголем број стечајци, а јадат најскап леб

Лебот во Велес се продава за 25 денари, а во Скопје истиот за 21 денар. Во најсиромашниот град во држава, со најголем број стечајци, основните прехрамбени производи се со највисоки цени. Вака денеска се пожалија од Здружението Страв, луѓето кои со години живеат без скршен денар, пред се „благодарение" на долгата транзиција. Тие не можат да сфатат зошто  нивниот предлог закон не може да помине, кога во периодот од 2000 до 2006 година биле изгласани дури четири закони за згрижување на стечајците со исти критериуми. 

„Вкупниот број на стечајни работници што ги сервисира министерството за труд и социјала во 2003 се движеше околу 10 илјади а сега се само 3.720. Тука спаѓа и бројот на технолошки вишок. Се прашуваме зошто тие ги остварија своите права, а ние не иако имаме исти барања", рече Томо Крстиќ, претседател на СТРАВ. 

Според Здружението, моментално на ниво на држава, од некогашните 45 илјади стечајци, паричен надомест земаат само 24 илјади. Од Страв прашуваат зошто кога има постоечки закони, нивниот закон со кој бараат да бидат згрижени, не сакаат да го изгласаат. 

„Ние нема да се откажеме од барањата. Ќе им доставиме податоци на пратениците на кој начин своите права ги оствариле стечајците пред нас, за да видат дека истите тие права ги бараме и ние", рече Крстиќ. 

Поради високите температури стечајците штрајкот го ставаат во мирување. Најавија дека од септември повторно ќе го актуелизираат и ќе протестираат се додека не го решат проблемот.

19/07/2010 12:29
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][15]