Трката по награди започнува утре со Хамлет

Кумановски театар ја дигна завесата на деветиот Интернационален  фестивал на античка драма Стоби 2010.

Печалбари во ново рубо, со засилени емоции, прекрасна музика и одлична актерска игра.

Вечниот стремеж за љубовта, копнежот кон саканата наиде на нож преку суровиот повик  на младото момче  за одење туѓина на пуста печалба.

Во Стоби меѓу камените блокови, заминувањето на печалбарот од домот со надеж да  спечали пари   но и неизвесноста дали тој  ќе се врати дома,   одекна со посебно ехо. За уметниците Стоби е фестивал каде може да се одигра една поинаква престава , сосема поразлично од играта на  затворена сцена. 

„Во Македонија  имам чуство дека немаме навики  да негуваме  одредени специфични форми на театар.Многу често  доаѓаме во ситуација каде се занимавамне само со еден одреден вид на театаркон секогас и не се покажува дека е продуктивен", рече актерката Кети Дончевска  Илиќ. 

Денес сцената во Стоби е празна.Утре е Хамлет, престава со која Драмски театар ќе се бори за една од наградите на фестивалот. Организаторите очекуваат Хамет својот сјај да го доживее токму  тука. 

„Јас се надевам таа престава уште повеќе ќе порасне во очите на публиката токму овде во Стоби. Потоа следуваат преставите  од Црна Гора, Баханалии, Антигона и Бугарската престава", вели  Зоран Љутков, претседател на Организациониот одбор. 

Помеѓу плодовите на Дионис, колебањето на Хамлет и страдањата на Антигона љубителите на театарската уметност до 31 јули ќе се собираат во античкиот локалитет Стоби, на деветиот по пред Интернационален театарски  фестивал.

18/07/2010 16:52
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.04][50]