Шеесетина верници крстени во водите на реката Бабуна

Брачниот пар Лазови од Кавадарци денеска ја примија православната христијанска вера.

На масовната крштевка во реката Бабуна, кај Велес, тие си ја исполнија повеќе годишната желба да бидат крстени и да станат  верници на македонската православна црква. 

„Кога бевме мали нашите родители не не крстиле. Сега кога станавме баба и дедо, нашите внуци ги крстивме, па сакавме и ние да бидеме крстени. Тоа е убав чин, а за нас да бидеш крстен значи да примиш благослов од Господ и да веруваш во Него", рече Ружица Лазова од Кавадарци. 

На обредот на светото  крштевање во осветените води на реката Бабуна православната вера  ја примија шеесетина верници од Повардарската Епархија. Овој свет чин на крштевање и на соединувањето со Божјиот дух, го изврши митрополитот на Епархијата Агатанѓел во сослужение на свештеници од велешкото намесништво. 

„Ние како архиреи на Македонската православна црква сме должни да си го чуваме стадото, да го повикаме, просветуваме и да се милиме за него, за епархијата и за целиот македонски народ", рече Агатангел. 

Повардарската Епархија по трет пат организира бесплатно групно крштевање во водите на реката Бабуна.

Оваа традиција веќе заживеа.

Досега прваославната вера на овој начин ја примија над 150 верници.

Епархијата, покрај групното крштевање, почна во манастирот Св. Димитрија да организира и групно венчавање.

17/07/2010 14:40
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.04][12]