Почнува фестивалот на античка драма во Стоби

Во античкиот театар во Стоби, денеска почнува деветиот Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2010".

Фестивалот ќе го отвори кумановскиот театар со претставата „Печалбари". Во трката за најдобра театарска претстава ќе учествуваат пет театри од Македонија Црна Гора и Бугарија. На сцената ќе се одиграат антологиските „Хамлет", „Антигона", „Лагата на Тиресиј", „Баханалии" и „Цар Едип". Фестивалот ќе го затвори прилепскиот театар со претставата „Крпен живот".

„Оваа година освен локацијата на античкиот театар претставата „Антигона" ќе се одигра во бањата. Претставата ќе можат да ја проследат седумдесет до осумдесет луѓе. Тоа е простор на средината на античкиот град, на две нивоа и е погоден за такви мали проекти, рече Зоран Љутков, директор на фестивалот.

Учеството на неантички претстави на фестивалот организаторите го образложуваат со можноста тие да се вклопат во амбиентот на античкиот театар.

Изборот, според нив, бил голем но поради техничката неприлагодливост на сцената, одредени театри одбиле да учествуваат.

„Имаше доста претстави кои се пријавија на фестивалот но поради техничките неможности, односно поради тоа што не можат да се прилагодат на тој простор, одбија да учествуваат на годинешниов фестивал. Тие имаа многу големи технички побарувања, рече Љутков.

Жирито  и годинава ќе додели награди за најдобар актер, најдобра актерка, најдобра колективна претстава, најдобра режија и Гран при наградата.

За годинешниов фестивал на античка драма Министерството за култура одвои еден милион и триста илјади денари, додека општина Велес ќе учествува со 700 илјади денари. Љубителите на театарската уметност бесплатно ќе можат да ги проследат сите претстави.

17/07/2010 12:37
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][5]