Преку храната до блиски пријателства

Италијанска, Хрватска, Полска и Босанска кујна за првпат во Велес.

Од вторник почнува првиот интернационален гастрономски фестивал на хотел Романтик.

Преку традиционалните национални јадења, организаторот на оваа манифестација невладината 46664 ќе се обиде да ги доближи културните и традиционалните  вредности на овие земји поблиску до нашите. 

,, Низ историјата народите најдобро се зближуваат преку своите кујни и традиционални јадења. Овој фестивал ќе го посветиме на кујните и вредностите на нашите соседи и земји со кој имаме традиционални пријателски врски. На овој начин ќе направиме  и размена на културните вредности помеѓу нашите земји",  рече Славчо Ефтовски, директор на Хотел Романтик. 

Врвни мајстори на кујната од овие земји ќе готват пред очите на јавноста. На првата вечер што ќе се случи на 20 ти овој месец,  ексклузивецот на хрватската кујна  Алмо Чатлак ќе ги приготви тадиционалните јадења од Хрватска.

Два дена подоцна, граѓаните ќе имаат можност да пробаат италијанска кујна, направена од вештите раце на Галуко Максимо Гадуко. Потоа следува традиционалната национална кујна од Полска. Фестивалот за гастрономија завршува на 26-ти јули со специјалитетите од босанската кујна.

„Оваа година решивме да ги претставиме националните кујни бидејќи пубиката на фестивалот е пред се од Македонија од, Велес, додека македонската храна ќе ја презенттираме некоја друга вечер кога ќе имаме гости од странство" , рече Руска Ајтова, шеф на кујна на хотел Романтик. 

Љубителите на добрата храна, што овој пат ќе биде многу поразлична од нашата, за 590 денари ќе можат да ги вкусат разните национални специјалитети. 

Организаторите на гастро фестивалот се надеваат дека тој во иднина ќе прерасне во традиционален.

16/07/2010 14:11
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Технолошко-техничкиот факултет стипендира 20 студенти
Апликациите за добивање на стипендии, бручошите може да ги доставуваат во факултетот. Стипендиите ги обезбедуваат македонските компании.
Lisica.mk Од наш агол Нега на кожата во тек на бременоста
Отсуство на нега за време на бременост може да има негативни последици и проблеми со кожата кои подоцна тешко ќе можат да се корегираат.
Колумна Колумна
Пред неколку години беше различно Македонија беше држава со други развојни димензии и динамики.
Од каде се информирате?

Дневен печат

Интернет портали

Телевизија

Радија

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.03][5]