![]() На конкурсот на Вип Android регистрирани 212 апликации
Една од главните карактеристики што ќе мора да ги имаат апликациите е нивната иновативност и локална примена. Регистрирани се 212 апликации кои влегуваат во битката за освојување на вредните награди од 500.000 денари и HTC Desire. „Навистина сме задоволни со интересот којшто го предизвикавме со претставувањето на овој предизвик. Оваа бројка ги надмина нашите очекувања, а тоа е уште една потврда дека во Македонија постојат многу млади ентузијасти кои што се подготвени да придонесат со својата иновативност во обезбедување на повеќе вредност за сите македонски граѓани при користењето на ваков вид на паметни телефони", вели Никола Љушев, главен извршен директор на Вип оператор. Првата фаза од предизвикот, односно регистрацијата на идеите заврши на 30 јуни годинава, а новиот предизвик за програмерите во периодот што следи до 1 август, ќе биде комплетно да ја развијат апликацијата до целосна функционалност на Android оперативниот систем и да ја достават до Google market и Вип. Оценувањето ќе биде спроведено на целосно транспарентен начин од страна на петчлено стручно жири составено од: Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип оператор, Димитар Трајанов, професор на ФЕИТ, Игор Лештар, Главен извршен директор на Сивус групацијата, Јулијана Прчковска, главен и одговорен уредник на магазинот Клик и Дамјан Арсовски, ко-основач и уредник на www.it.com.mk. При селекцијата, предвид ќе бидат земени апликациите кои се функционални на Android оперативниот систем и истовремено имаат локална релевантност, а претходно одобрени од страна на Google market. Најдобрата апликација ќе биде наградена со 500.000 денари и HTC Desire, второрангираната со 150.000 денари и HTC Legend, а сите апликации кои ќе бидат одобрени од страна на Google market и Вип ќе бидат наградени со HTC Tattoo. Сите апликации ќе бидат достапни за преземање од Google market, а некои од нив ќе бидат и инсталирани во паметните телефони со Android оперативниот систем од понудата на Вип оператор. Повеќе информации за Вип Android предизвикот можат да се најдат на android.vip.mk 08/07/2010 08:55
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |