![]() Денес е ден за бакнежи
За бакнежите се кажани многу нежни и мудри објаснувања. Средбата на усните се најде во многу приказни, помеѓу музичките ноти, на сликарското платно, но и како тема за научни дискусии. Научниците откриваат дека бакнувањето е многу корисно за здравјето. Додека се бакнуваме се зголемува лачењето на хормонот на среќата, адреналинот се буди, се зголемува крвниот притисок, а пулсот се забрзува. Дури и бактериите, со кои обилува плунката, со мешање придонесуваат за зајакнување на имунолошкиот систем, а исто така ги намалуваат и штетните организми. Постојат различни мислења за потеклото на бакнежот. Според една легенда бакнежот го измислиле средновековните витези, кои на тој начин утврдувале дали нивните жени пиеле сочна медовина, додека според други се претпоставува дека бакнежот произлегува од односот мајка-дете. Иако за сексот повеќе се зборува, бакнувањето е многу поинтимен и посензуален чин. Исто така постои и наука која го проучува бакнувањето, а се нарекува филематологија. Факти за бакнежот Бакнежот го продолжува животниот век - истражувањата покажуваат дека мажите кои секој ден ја бакнуваат својата сопруга, во просек живеат и до 5 години подолго. Две третини од луѓето за време на бакнеж ја наведнуваат главата на десна страна - некои експерти сметаат дека тоа е поврзано со положбата на фетусот во мајчината утроба. Или едноставно да се избегне удирање на носовите за време на овој романтичен чин. Рекордот во најдолг бакнеж на светот - го држат Louis Almedovar и Rich Langley од New Jersey, тие се бакнувале без прекин 30 часа, 59 минути и 27 секунди. Ако се бакне познатиот камен Blarney Stone во местото Cork во Ирска, наводно се добива дар за говорење. При бакнеж со партнерот разменувате вода, соли и белковини, приближно 25 милиони микроорганизми, а со една минута бакнување се трошат 26 калории. Денес е Светски ден на бакнежот - затоа фрлете се на "работа" и бакнувајте се, не ви треба никаква причина за тоа! Kantar.mk 06/07/2010 15:35
Технолошко-техничкиот факултет стипендира 20 студенти
Нега на кожата во тек на бременоста
Од каде се информирате?![]() |