Целулит проблем број еден за секоја жена

Целулитот е еден од најголемите непријатели на жените. Го има секоја жена и не се поштедени ниту спортистките.

Се јавува се порано, така да може да се сретне во дванаесетата година од животот.

Причини се генетиката, начинот на живеење, исхраната и недоволното движење.

Тоа е хронична дегенеративна болест при што доаѓа до пореметување на метаболизмот, циркулацијата, лимфната дренажа и оштетување на сврзното ткиво. Колку е целулитот поизразен и долготраен толку се поизразени дегенеративно вопалителни промените и е потребно повеќе време да се отстрани оштетувањето.

Лимфата е течност која има основна улога за исфрлање на штетните соединенија од ткивата. Кога с епореметува микроциркулацијата, настануваат промени во сврзното ткиво и затоа клучен принцип во третманите за целулит е да се подобри циркулацијата. Се работи со антицелулитни гелови со одбрани етерични масла, кои ја потикнуваат работата на лимфниот систем за да може разредените масни клетки да се исфрлаат преку лимфниот систем.

Во исхраната треба да се вклучи повеќе овошје, зеленчук, риба, бело месо кои се извор на витамини и минерали, кои се потребни за функција на целокупниот метаболизам.

Механичко делување на целулитот е многу битен фактор за отстранување на штетните соединенија од периферните ткива што се зафатени со целулит, а со тоа се постигнува венска и лимфна циркулација, а воедно се зајакнува и тонусот на мускулите. Овде спаѓаат:

  1. Вакумската лимфна дренажа
  2. Кај нас во нашиот салон го правиме со професионален LPG апарат со кој ја поттикнуваме лимфната дренажаспрема регионалните лимфни чворови, за да лимфата отиде во крвотокот.
  3. Мускулна стимулација

Освен поттикнување на циркулацијата се постигнува и затегнување на мускулите и тонус на кожата. Физичката активност за одржување на тонус на мускулите и добра циркулација и тоа: аеробното вежбање, вежба на орбитрек, антицелулитни третмани и масажи е доволно за одржување на циркулацијата, регулирање на телесната тежина, а и состојбата на коскениот и мускулниот состав и зглобовите. Многу е битно да с евнесува доволно вода и течности во организмот и тоа 2 литри дневно (вода, чаеви, природно цедени сокови).

Освен третманот со LPG апаратво нашиот салон имаме многу антицелулитни третмани како масажата, електростимулации, боди вретено, парафинско и слично.

Разликата меѓу масните наслаги и целулитот е тоа што мастите телото ги троши како гориво и се топи кога трошите повеќе отколку што внесувате, а целулитот не реагира на диети.

Мастите во келиите зафатени со целулит остануваат заробени и потребни се горенаведените третмани за елиминирање на целулитот низ организмот и тоа пред се со природно механичко прочистување низ лимфниот систем т.н. лимфна дренажа која во нашиот салон се прави рачно и со апаратите. И кога ќе се разбијат овие масни келии и ќе ја исфрлат содржината во меѓуклеточниот простор, треба да му помогнеме на телото да ги ифрли надвор овие масти.

99 проценти од жените имаат целулит и тоа најчесто на задникот, бутовите, надлактицата и сл.

Од хормоните главен за создавање целулит кај жената е ЕСТРОГЕНОТ.

За овие топли денови па и за целулитот пред се битни се течностите, овошјето, зеленчукот, житарките и сл. Избегнувајте засладени и газирани пијалоци. Во прилог е вежбањето, шетањето, третманите во салон итн.

Внатрешната убавина е она што ja носите во себе, а надворешната е онаа што можете да ја добиете во козметичкиот салон Лејди Ем Бјути (на ул. Никола Карев бр. 3)  тел 043 235-757       

05/07/2010 16:27
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Технолошко-техничкиот факултет стипендира 20 студенти
Апликациите за добивање на стипендии, бручошите може да ги доставуваат во факултетот. Стипендиите ги обезбедуваат македонските компании.
Lisica.mk Од наш агол Нега на кожата во тек на бременоста
Отсуство на нега за време на бременост може да има негативни последици и проблеми со кожата кои подоцна тешко ќе можат да се корегираат.
Колумна Колумна
Пред неколку години беше различно Македонија беше држава со други развојни димензии и динамики.
Од каде се информирате?

Дневен печат

Интернет портали

Телевизија

Радија

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][7]