Лари Кинг по 25 години се повлекува од Late night show

Иконата на американската телевизија и легендарниот водител Лари Кинг најави дека се повлекува од неговото Late night show, што 25. години се емитуваше на телевизијата Си-Ен-Ен.

Кинг одлуката ја обелодени на социјалната мрежа Твитер, појаснувајќи дека сака повеќе време да помине со семејството.

„Неизмерно сум горд што неодамна заслуживме и влез во Гинисовата книга на рекорди со најдолговечна емисија со ист водител во ист термин. Сега го затворам тоа поглавје и време е да ги спакувам трегерите, но се радувам на иднината и на она што ќе ми го донесе", напишал Кинг на Твитер.

Тој понатаму додава дека сака и натаму да се развива и да прави работи што не можел досега.

Лари Кинг во својата долгогодишна кариера нагости некои од најголемите луѓе во шоубизнисот, јавниот живот и политиката. Меѓу неговите гости беа Марлон Брандо, Нелсон Мендела, Пол Мекартни, Боб Хоп, Френк Синатра, Мадона и Мартин Лутер Кинг Џр. Ги има интервјуирано сите претседатели, од Никсон до денеска.

Неговите трегери, големите очила и старинскиот микрофон станаа заштитен знак на легендарната телевизиска емисија.

Во својата автобиографија се пошегувал како единствена личност низ сите овие години што не успеал да ја интервјуира е Господ.

„Би го прашал дали има син, многу се шпекулира околу тоа", додава Кинг.

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.

 

30/06/2010 10:31
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Технолошко-техничкиот факултет стипендира 20 студенти
Апликациите за добивање на стипендии, бручошите може да ги доставуваат во факултетот. Стипендиите ги обезбедуваат македонските компании.
Lisica.mk Од наш агол Нега на кожата во тек на бременоста
Отсуство на нега за време на бременост може да има негативни последици и проблеми со кожата кои подоцна тешко ќе можат да се корегираат.
Колумна Колумна
Пред неколку години беше различно Македонија беше држава со други развојни димензии и динамики.
Од каде се информирате?

Дневен печат

Интернет портали

Телевизија

Радија

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.04][12]